Ако се помине како што треба, првиот дрвен сателит на светот би можел да биде лансиран во вселената во 2023 година, откако се очекува во февруари јапонските астронаути да започнат со проверки.

Мисијата ќе ја предводи професорот и астронаут Такао Дои, од Јапонската агенција за истражување на вселената, а планот е да се искористи еколошката оправданост и ниската цена на дрвото во вселенскиот развој.

Заедничкиот тим од Универзитетот во Кјото и компанијата „Сумимото форестри“ за тестирањата ќе користат експериментален апарат на Меѓународната вселенска станица.

Надворешниот дел од сателитот би бил направен од дрво, а како што наведуваат од мисијата, тоа треба да изгори по крајот на неговата работа, односно по повторното влегување во атмосферата на Земјата, што ќе претставува помало загадување на животната средина и помал вселенски отпад.

Трошоците за изработката на сателитот ќе бидат поевтини во споредба со досегашните за чија изработка производителите користат алуминиум.

„Многу сме загрижени поради фактот што кога сателитите повторно влегуваат во земјината атмосфера тие горат и создаваат мали алуминиумски честички кои лебдат во горниот слој од атмосферата долги години“, објаснува Дои за Би-Би-Си.

Експертите веќе предупредуваат на растечката опасност од вселенскиот отпад кој паѓа на Земјата, откако голем број вселенски летала и сателити се лансирани во вселената последниве години.

Извор: N1info.com