Иако со објавата на PS4 Pro моделот, Sony понуди поддршка за 4К екрани, компанијата не нудеше решение за оние кои би се одлучиле за поскромна надградба на екранот, како што е 1440p. Изгледа дека со PlayStation 5 објавата, Sony конечно ќе понуди поддршка за 1440p дисплеи.
Во објавата на компанијата BenQ, која произведува PC монитори, истакнати се предностите кои корисниците можат да ги очекуваат со PlayStation 5 конзолата. Интересно е дека во објавата BenQ истакнува дека PlayStation 5 ќе има поддршка за 1440p резолуција.
Ова е од значење бидејќи досега немаше официјална потврда дека конзолата ќе ја поддржува споменатата резолуција. Со PS4 објавата Sony нудеше поддршка за само две резолуции: 4К и 1080p. Тоа значи дека доколку корисникот има 1440p монитор, конзолата би препознавала само 1080p.
Иако 4K се повеќе станува стандард, гејмерите секако со задоволство ќе ја прифатат веста дека PlayStation 5 конечно ќе нудат поддршка за 1440p монитори.
Поврзани артикли