Facebook објави сопствен cloud гејминг сервис, со кој компанијата не сака да се натпреварува со постоечките решенија на Nvidia, Microsoft и Google. Социјалната мрежа исклучиво ќе се фокусира на мобилните игри, додека останатите сервиси се за PC игри.
Новиот сервис нуди игри кои можат веднаш да се играат – потребно е само да се избере играта и да се притисне на неа. Моментно достапните наслови можат да се пронајдат на
fb.gg/play. Не е потребно никакво инсталирање ниту употреба на конролери (со оглед на тоа дека мобилните игри се дизајнирани за користење на тачскрин).
Уште една голема разликла е во тоа што cloud гејминг сервисот на Facebook пристигнува со free-to-play игри. Во иднина би можел да се прошири и на платени наслови, но засега корисниците нема да мораат да плкаќаат ништо за игрите што сакаат да ги испробаат. Секако, голем број од овие игри имаат купувања во рамките на апликацијата.
Имплементирана е cross-play поддршка, што значи дека доколку користите cloud верзија на играта, противникот можете да го предизвикате и во рамките на изворната верзија на насловот, преку preko Facebook Login for Gaming поддршката. За оние кои не сакаат да го користат своето вистинско име и фотографија, Facebook овозможи креирање на Player Name и Avatar секции кои ќе се користат во играта.
Facebook се надевам дека ќе го промени и начинот на кој се промовираат играта, а тоа е преку демо верзии на игрите. Студијата што се пријавија за креирање на игриви реклами-демоа се: 2K, FunPlus, Gameloft, Glu Mobile, Gram Games, Rovio и Wildlife Studios.
Засега компанијата почнува со лимитирана селекција на жанрови на игри. Како што ќе се подобрува стриминг технологијата, во текот на 2021. година ќе почнат со додавање на акциски и авантуристички игри. Некои побрзи игри, како што е Asphalt 9: Legends веќе се достаони, а за неколку недели пристигнува и Dirt Bike Unchained.
Сервисот засега нема да биде достапен за iOS платформата – само Android веб играчуте можат да ги испробаат инстант игрите.