Американската вселенска агенција NASA објави фотографија која нејзиниот ровер Curiosity ја испрати од Марс.
Селфи фотографијата на роверот е дело на камерта на Curiosity – Mars Hand Lens Imager (MAHLI) и научникот Кевин Гил, кој спои неколку фотографии во една. Гил исто така е инженер за софтвер.
На фотографијата се гледа роверот и три дупки кои ги избушил. Исто така, видливо е и оштетување на средното тркало, настанато поради долгото движење по суровата површина на Марс. Сепак, роверот функционира и понатаму, бидејќи NASA пронајде начин да ја ублажи штетата.
Фотографијата го прикажува и опкружувањето на Curiosity во кратерот Гејл. Овој ровер се уште го чека „братот“ под името Perseverance, кој на Марс ќе пристигне во февруари 2021. година.
Поврзани артикли