Заедно со глобалната премиера на серијата на паметни телефони Huawei Mate 40, Huawei, официјално ја претстави новата генерација паметни очила – Huawei × Gentle Monster Eyewear II. Исклучителниот иновативен уред ја следи филозофијата на комбинација на технологија и мода. Паметните очила од втората генерација продолжуваат да се фокусираат на квалитетна аудио репродукција, со најсовремен, но удобен дизајн и изобилство на паметни функции. Со нив, Huawei создава уникатен и иконски тренд во носењето модни паметни додатоци.
Колекцијата Eyewear II е авангардна дизајнерска варијанта на модниот бренд Gentle Monster, која нуди широк спектар на очила за сонце за да се нагласи личноста на корисникот. Во Eyewear II, покрај модата, се применуваат највисоки акустични технологии, кои го штитат личниот простор на корисникот. Полуотворениот, ултра тенок звучник со висока амплитуда ефикасно го потиснува протокот на звук кон надвор и му обезбедува на корисникот стерео звук со неверојатен квалитет. Напредната функција Smart Interaction ги претвора очилата во ваш личен асистент, со брз пристап до информации и попаметна форма на интеракција, градејќи целосно ново искуство при носење паметни додатоци.
Мода и удобност со ваш личен стил
Втората генерација на Huawei × Gentle Monster Eyewear II нуди уште поголема удобност при носење, благодарение на синергијата помеѓу технологијата и дизајнот на производот. Тенките рамки се изработени од титаниумски полимер за помала густина и тежина. Титаниум се користи и во материјалот од кој се направени наборите помеѓу рамките и рамената на очилата, со цел да се обезбеди максимална еластичност и да се избегне абење. Лакот, кој лежи на увото, е зголемен во споредба со првата генерација на моделот од 12° на 20°.
Во споредба со првата генерација, Eyewear II располага со поголем, потенок звучник со амплитуда, кој нуди широк опсег на звуци и позадинско искуство, идеално за слушање музика, играње игри илигледање телевизија.
Eyewear II има и уникатен акустичен дизајн за да го заштити она што го слушате. Звукот се пренесува директно до увото на корисникот, од насочени звучници во левата и десната рамка, што ефикасно го намалува истекувањето на звукот и обезбедуваповеќеслојно стерео искуство. Во исто време, двете рамки имаат отвор за насочување на звучните бранови, што дополнително го намалува протокот на звук. Благодарение на адаптивната технологија за јачина на звук, Eyewear II може автоматски да ја намали јачината врз основа назвучното опкружување, за корисникот јасно да слуша без да ги вознемирува присутните.
Интелигентно аудио, интелигентна интеракција
Eyewear II поддржува ажурирана интелигентна контрола на гестовите. За да се поврзат, корисниците треба само лесно да ја притиснат левата рамка. Гласовниот асистент може да се активира со double-tap на левата рамка. Eyewear II исто така поддржува гестови на swipe (лизгање).За да ја репродуцираат следната или претходна песна или да ја прилагодат јачината на звукот, корисниците треба да направат неколку “лизгања” на рамките без да го користат телефонот. Опремен со голем број напредни сензори, Eyewear II може интелигентно да ги препознае без разлика дали се сложени или не. На пример, за време на репродукција на музика, Eyewear II ќе паузира кога сензорите ќе откријат дека корисникот ги отстранил очилата и ќе продолжи ако корисникот ги стави повторно во рок од три минути.
Eyewear II прави чекор напред во однос на интелигентното искуство. Откако корисникот ќе ги остави Eyewear II на некое време,а потоа ги врати назад, на екранот на паметниот телефон ќе се појави “прозорец” за корисникот да го провери нивото на батеријата на Eyewear II. Со допирање на “поп-ап прозорецот”, корисникот може да оди во Settingsза повеќе детали. Eyewear II гласовно го поздравувааткорисникот кога за прв пат во текот на денот ќе ги стави на себе.
Покрај неверојатното аудио искуство, Eyewear II се опремени со моќна батерија, така што корисниците можат да ги носат со часови и да уживаат во музика до 5 часа, без прекини, со само едно полнење. Исто така, поддржуваат NFC технологија и безжично брзо полнење, што гарантира дека очилата ќе бидат подготвени за употреба во секое време и на било кое место.
Поврзани артикли