OnePlus оди во правец на целосно отстранување на рамките околу екранот, а логичен потег на овој пат е имплементираањето на pop-up камера. Дојавувачот OnLeaks и Pricebaba објавија рендери кои го прикажуваат OnePlus 7, чија главна одлика е дизајнот со 6,5-инчен екран без рамки, кој notch засекот го исфрла во корист на слајдер камерата.

Фотографиите исто така укажуваат на три камери на задната страна, додека очигледно е дека нема приклучок за слушалки. Исто така, од OnePlus истакнаа дека нема да ја имплементитираат опцијата за безжично полнење во својот нареден премиум телефон. Се очекува дека телефонот би можел да има Snapdragon 855 чипсет.

Доколку OnePlus остане доследен на традицијата, OnePlus 7 би требало да се појави во текот на мај или јуни, но засега не е позната цената по која би можел да биде достапен уредот.