NASA денеска објави ново откритие кое што е поврзано со Месечината – на нејзината површина е пронајдена вода.

„Подгответе се за возбудливо, ново откритие поврзано со Месечината“, беше пораката што NASA ја упати до јавноста во пресрет на телеконференцијата на која вселенската агенција ги подели со светот резултати од набљудувањето на Месечината со авионот опремен со телескоп.

Името е на овој авион е SOFIA (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy). Други детали се уште нема, но од NASA порачуваат дека новото откритие оди во прилог на настојувањата на агенцијата да открие нови работи за Месечината.

SOFIA е посебно преуреден Boeing 747 што лета над 99 проценти од атмосферските облаци и чиј телескоп го набљудува инфрацрвениот спектар и може да ги забележи феномените кои поинаку е невозможно да се откријат.

За појавата на вода на Месечината се објавени две студии во магазинот Nature Astronomy.

Во продолжение можете да го погледнете кратко видео од NASA за најава на откритието или да ја прочитате нивната официјална статија со сите стручни детали.