Претходно оваа недела имавме прилика да видиме рендери од Samsung Galaxy S21 телефонот, што го откриваат неговиот дизајн. Сега се појави фотографија за која се верува дека го прикажува куќиштето на камера модулот, што се совпаѓа со она што го видовме и на претходните скици.
Претходните нацрти покажаа дека Galaxy S21 ќе има рамен, punch-hole дисплеј, додека на задната страна има три камери сместени во модул што се обвиткува околу работ на телефонот.
Samsung засега не објави никакви информации за Galaxy S премиум моделите за 2021. година, но неодамнешните извештаи сугерираа дека би можеле да ги видиме уште во текот на јануари, наместо традиционално во февруари.
Се сугерира дека Galaxy S21 ќе има екран со дијагонала од 6,2 инчи, додека моделот S21 Ultra би можел да има екран со големина од 6,7 до 6,9 инчи.