Ерик Шмит долги години беше извршен директор на Google и под негово водство компанијата прерасна во гигант на глобално ниво.
Ако името Ерик Шмит не ви е доволно познато, можеби ќе се сетите на една негова изјава. Имено, говорејќи за приватноста на интернет пред десетина години, Шмит порача дека ако правите нешто што не би сакале другите да знаете дека го правите, можеби тоа воопшто и не треба да го правите.
Оваа изјава подигна доста прашина, затоа што на некој начин тогашниот шеф на Google покажа дека анонимноста и приватноста на интернет не постојат, односно никој не може да ги гарантира.
Шмит деновиве повторно се најде во центарот на вниманието со една прилично интересна изјава, која многумина сметаат дека колку и да е контроверзна, сепак е вистинита.
Имено, Шмит порача дека социјалните мрежи се развиле во нешто што никој не го замислил, а на овие платформи простор за да го изразат своето мислење добиле „идиоти и лудаци“.
За слични проблеми со социјалните мрежи се говори и во документарниот филм The Social Dilemma во кој некои луѓе кои работеа на развој на Facebook исто така велат дека социјалните мрежи не се развиле во насоката која што тие се надевале дека ќе се развијат.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли