Со секое купување на телефон од Galaxy Note20, S20, Z Flip или Z Fold 2 сериите, Samsung во наведениот период на корисниците ќе им подари Samsung Galaxy Watch 46mm.
Компанијата Samsung дојде до позицијата лидер во глобалната индустрија на мобилните уреди преку врвниот квалитет на производите и ставањето на потребите, желбите и интересите на корисниците секогаш на прво место, па за нив подготви посебна промоција која што почнува од 22 октомври до 22 ноември.
Со секое купување на телефоните Galaxy Note20, S20, Z Flip или Z Fold 2 сериите, Samsung во наведениот период на корисниците ќе им подари Samsung Galaxy Watch 46mm уред на подарок, кој што ја обединува функционалноста на паметниот часовник и природната својствена на аналогните часовници, правејќи еден целовит производ за 21 век.
Најнапредното корисничко искуство секогаш ги прати паметните телефони на Samsung, а Galaxy Note и S серијата веќе долги години важат за уреди кои постојано ја поместуваат границата на мобилните доживувања за скалило погоре. Galaxy Note20 серијата е идеална за најпребирливите бизнис корисници чие секојдневие има потреба од моќен паметен телефон на кој можат, со помош на S Pen пенкалото, да фаќаат забелешки од состаноци, да запишуваат идеи и да ја зголемат својата продуктивност со мноштво мултитаскинг можности. Galaxy S20 серијата, од друга страна пак, е одличен сопатник на сите урбани креативци кои што сакаат да го искористат максимумот кој што го пружа врвната камера, со мултимедијални опции за уште попријатно и поедноставно уживање во сите видови на содржини.
Исто така, Samsung оваа година на корисниците им донесе никогаш претходно видени иновации на полето на дизајнот и мултифункционалните паметни телефони во вид на преклопни уреди. Galaxy Z Flip го карактеризира компактен дизајн на модерен уред на преклоп за корисници кои што сакаат секогаш да се во тренд. Galaxy Z Fold 2 е модел кој со право се третира како еден од најиновативните производи на компанијата Samsung, според тоа дека го усоврши и унапреди искуството на паметен телефон на преклоп со својот голем, простран внатрешен екран и стандардниот надворешен, создаден за непречено гледање на содржини и употреба на апликациите, со преминување од еден екран на друг, без прекинување на активностите.
За повеќе детали за промоцијата посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/good-decision-promo/.