По неколку години најави и тизери, LG конечно почнува со продажба на својот OLED TV што се свиткува. Signature OLED R, со RX брендирање, од денеска е достапен во Јужна Кореја и нуди 65-инчен 4K дисплеј.
Телевизорот со притисок на копчето се вовлекува во својата база, а покрај можностите целосно да се скрие, LG ветува и различни подесувања за ТВ – Full View, Line View i Zero View – во зависност од ситуацијата.
LG минатата гоидна го прикажа „line“ подесувањето на ТВ, кое извлекува помал дел од дисплејот од базата, а може да се користи како часовник, за приказ на фотографии или за контрола на музиката. Исто така, телевизорот може да ја намали количината на видливиот простор за да се избегне прикажувањето на црните ленти кога се гледаат филмови.
По цена од околу 87.000 долари, Signature OLED R TV има алуминиумска база во која корисниците можат да врежат сопствени пораки, а достапен им е и избор од четири бои за звучниците.
Засега нема информации за потенцијалната објава на флексибилниот LG OLED TV надвор од Јужна Кореја, но се истакнува заинтересираните да ги следат информациите што пристигнуваат од компанијата LG.
Поврзани артикли