ПЦР-тестовите не се веродостојни, пишува српски Курир, повикувајќи се на порталот „Логично“. Српскиот портал пишува дека медицинска сестра од Тексас тоа го прочитала на страницата на Американската управа за храна и лекови (ФДА), за итно одобрение на лекови и препарати.
На сајтот можат да се видат безброј писма со кои агенцијата им дала одобрение на компаниите да ги продаваат или користат ПЦР-тестовите за дијагноза на Ковид-19, иако ФДА признава дека тестовите се недокажани, ограничени и дека имаат познати ризици.
ФДА признава дека тестовите не ги исполнуваат стандардните осигурувања на квалитет. Едно од тие писма било испратено до една лабораторија во Конектикат.
„Разумно е да се верува дека вашиот производ може да биде ефикасен во дијагностицирањето на Ковид-19 и дека се познати потенцијалните бенефити од истиот кога се користи за дијагноза на Ковид-19 и дека истите се поголеми од познатите потенцијални ризици“, пишува во писмото.
Со други зборови, ПЦР-тестот може да има ризици, но тие веруваат дека донекаде може да биде користен.
Во писмото се оправдува таквото непромислено одобрување, затоа што САД очигледно се во вонредна состојба. Јавното здравство има значителен потенцијал да влијае на националната безбедност или здравје и безбедноста на граѓаните на САД кои живеат во странство.
Бидејќи станува збор за вонредна состојба, во писмото се занемаруваат барањата за добра производствена пракса, вклучувајќи ги и барањата за системот за квалитет. Со други зборови, можете да направите лош комплет за тестирање, a ние ќе погледнеме на другата страна.
Понатаму во писмото се признава дека не постои одобрена и достапна алтернатива.
„Дали тоа значи дека ПЦР-тестот е неадекватен и неодобрен?“, стои во писмото.
Се чини дека немаме вирусна пандемија, а имаме ПЦР-пандемија на лажни тестови кои можат да откријат којзнае што друго.
Извор: Курир.рс