Имате мачка или куче во своето опкружување или во домот? Дали сте знаеле дека милениците можат да го подобрат вашиот имунитет? Да… можат!

Докторката Сабина Олекс Кондор спровела опсежно истражување и дошла до следните заклучоци кои моментално, во екот на борбата со коронавирусот, се многу важни.

Според податоците кои таа ги изнела, засновани на анализа на 100 пациенти заразени со Ковид-19, луѓето кои имаат миленици – мачка или куче, можат полесно да ги поднесат симптомите на коронавирусот па дури и да бидат целосно имуни на него.

Како што наведува Сабина, мачките можат да имаат мачји коронавирус кој никако не влијае на човекот и не го инфицира. Затоа, докторката заклучува дека луѓето кои чуваат мачки секојдневно создаваат антитела на вирусот.

Со анализата на заразени со коронавирус, Кондор дошла до заклучок дека ниту еден заразен не чувал мачка како домашен миленик. Иако истражувањето било извршено на мал број луѓе, без статистичка обработка, Сабина планира да го зголеми бројот на учесници во студијата и да го подигне целото истражување на повисоко ниво.

Докторите нагласуваат дека станува збор за вкрстена реактивност и дека таа постои во природата. Секојдневниот контакт со животните и нивното крзно помага во создавањето на силен имунитет, а тука вирусите воглавно губат бидејќи имунитетот е клучната работа во битката со болестите.

Сабина нагласува дека поседувањето на мачка не е гаранција дека нема да се заразите со коронавирус бидејќи не сите мачки имаат мачји коронавирус и не секој развива силен имунитет на ист начин. Препораките кои важат за луѓето кои имаат миленици се исти како и за оние кои ги немаат – редовно одржување на хигиена, социјална дистанца, носење заштитна маска…