Голем број теоретичари тврдат дека писателот од 15 век и голем мистик Нострадамус го предвидел избивањето на коронавирусот или, како што тој го забележал во своите книги, „големата чума“.

„Антихристот кој ја води белата чума, скакулците, поплавите, мувата и коронавирусот. Мислам дека тоа е она што Нострадамус го говорел пред 465 години“, напишал на „Твитер“, Марко Малацар.

„Стигна чумата на 21 век. Прорштвото на Нострадамус“. Ќе умреме многу брзо“, „#coronavirus“, коментирал друг на „Твитер“.

Делот за кој наводно се однесува коронавирусот многумина го виделе во зборот „големата чума“.

„Големата чума од поморскиот град нема да застане сè додека не завладее правдата и осудените не ја платат цената за сторениот злостор“, е наведено во продолжение на коментарите.

Епидемијата на коронавирусот предизвика смрт кај повеќе од 2.600 луѓе и зарази речиси 80.000 луѓе. Многумина се прашуваат дали мистичниот Нострадамус од 16 век ја предвидел епидемијата на коронавирусот и дали пред 500 години тој го користел терминот голема чума, кој всушност го претставува опасниот вирус.

Коронавирусот (COVID-19) во Кина ја надмина епидемијата на САРС од 2003 година. Коронавирусот за првпат е откриен во градот Вухан, во провинцијата Хубеј.

Од тогаш инфекцијата се раширила во повеќе од 30 земји, надвор од Кина, вклучувајќи и 13 луѓе од Велика Британија. Светските здравствени власти се загрижени за безбедноста на човештвото.

Досега коронавирусот е потврден во Франција, Германија, Јапонија, САД, Австралија, Сингапур, Малезија, Камбоџа, Шри Ланка, Обединетите Арапски Емирати, Јужна Кореја, Виетнам, Тајланд, Канада и Непал.

Светската здравствена организаицја епидемијата ја нарече глобална вонредна состојба, но сè уште не ја етикетирала со пандемија.