Во замена за 18 години бесплатен интернет, анонимни родители ја крстија својата ќерка Твифија според давател на Интернет услуги. Додека некои го осудуваат нивниот потег, други го нарекуваат шега, а според други родителите се многу „снаодливи“.

Родителите прифатиле понуда од интернет провајдер бесплатен WiFi на возраст до 18 години во замена за давање име на нивното бебе во чест на компанијата. Швајцарскиот интернет провајдер Twifi моментално ја рекламира понудата на својата веб-страница, наведувајќи дека родителите кои своите деца ќе ги крстат Twifius или Twifia ќе сурфаат на Интернет бесплатно додека нивното дете не стане полнолетно.

Огласот гласи: ‘Едноставно испратете фотографија од изводот за родените на вашето дете. По проверка, Twifi ќе ви овозможи 18 години бесплатен интернет’.

Еден 30-годишен пар, кој се одлучи да остане анонимен, наводно ја прифатил понудата и го нарекол своето мало девојче Twifi.

Родителите велат дека парите што инаку би ги потрошиле на WiFi ќе ги стават на штедната книшка на нивната ќерка, со надеж дека ќе и купат автомобил кога ќе наполни 18 години.

Шефот на Twifi, Филип Фотч се обврза да плати за нивниот интернет дури и ако неговата компанија банкротира. Тој додаде дека понудата на Twifi е сè уште отворена за сите, пишува Мирор.