Норвешката национална телевизија, NKR одлучи на своите интернет страници да воведе краток квиз за сите лица кои сакаат да остават коментар под некој од нивните текстови.

Целта на квизот е лицата кои сакаат да коментираат да докажат дека всушност сфатиле за што се работи во текстот. Мораат точно да одговорат на три прашања за да можат да коментираат. Авторите на квизот се надеваат дека тоа ќе доведе до тоа сите што коментираат да го разбираат текстот.

Се надеваат дека квизот што ќе трае 15 секунди ќе им даде шанса на коментаторите да се смират пред објавување на коментарот. Тоа би требало да доведе до помалку бесни коментари под нивните текстови.

„Сметаме дека мораме да го одработиме својот дел од работата, односно сите што сакаат да коментираат да знаат за што се работи. Ако сите се сложуваат дека во некој текст се работи за иста работа, подобро ќе коментираат“, порача новинарот Stale Grut,

Бројните сајтови ја укинаа можноста за коментирање бидејќи им било тешко да ги одржуваат кога станувале премногу негативни, додека некои веб странииц пробале со други технички решенија.

Google, на пример, минатата недела објави дека создал алат на вештачка интелигенција кој е во состојба да ги чита коментарите и да одреди дали се добри или лоши.