Откако Galaxy Note20 линијата стана достапна, Samsung веќе се фокусира на својата следна премиум линија – Galaxy S21. Компанијата доби 3C сертификат за телефонот со ознака на модел SM-G9910, кој најверојатно е Galaxy S21. Листингот открива поддршка за 25W полнење, што го поддржува и Galaxy S20.
Голема е шансата уредот од листингот навистина да е стандардниот Galaxy S21 поради ознаката на моделот. Galaxy S20 ја имаше ознаката SM-G981X. Последниот симбол во случајот на Galaxy S21 моделот е нула (SM-G9910), што укажува на пазарот каде што одредениот уред ќе биде достапен.
За жал, 3C листингот не го открива капацитетот на батеријата на Galaxy S21, но претходните гласини сугерираа дека минималниот капацитет на батеријата е 3880mAh. Исто така, знаеме дека Galaxy S21 семејството нема да има селфи камера под екранот.
Поврзани артикли