OnePlus 8T е официјално претставен, а по тестот на издржливост телефонот е расклопен од Зак на популарниот канал JerryRigEverything, давајќи ни увид во она што се наоѓа во внатрешноста на уредот.

Зак го расклопи телефонот за да го пронајде системот на батеријата, што се состои од две ќелии од по 2250mAh. Иако е видлив само еден пакет, јасно се воочува дека е составен од две ќелии со простор помеѓу нив. Батериите за полнење ја користат Warp Charge 65 технологијата.

Видеото ни дава увид и во останатите интерни делови на OnePlus 8T, вклучувајќи ги и бројните елементи кои штитат од вода и прашина (и покрај тоа што телефонот нема официјален IP сертификат).