Sony PlayStation конзолата со новото ажурирање ќе добие една интересна, но озлогласена функција.
Имено, ќе постои можност конзолата да снима разговори, а корисниците ќе можат кај модераторите да пријават доколку некој се однесува насилнички кон нив.
Некои сопственици на PS4 биле непријатно изненадени кога конзолата по новото ажурирање ги предупредила дека е можно нивните разговори да бидат снимени.
Not only did sony break every ps4 due to how bad the update was, they're even recording us #PS4 pic.twitter.com/006eQznRdf
— Mini (@_Minii17) October 14, 2020
Во описот за ажурирање не пишувало ништо за ова. Меѓутоа, во текот на неделата Sony сепак објасни дека оваа функција е вградена, пренесува „The Verge“.
Иако ова е потенцијално нарушување на приватноста, треба да се земе во предвид и дека има добра страна – играчите ќе можат да ги пријават оние кои ги навредуваат.