Претходно имаше гласини и информации дека Samsung планира да ги спои смартфон линиите Galaxy S и Galaxy Note најрано до 2022. година. Сега, новите извештаи од Јужна Кореја сугерираат дека Samsung би можел да ја претстави Galaxy S21 серијата порано од вообичаеното, а потврдуваат и дека Galaxy S21 Ultra ќе се испорачува со S Pen.
Извештаите на јужнокорејските медиуми се засноваат на фактот дека Samsung го засилува производството на своите телефони од Galaxy S21 серијата. Се сугерира дека компанијата планира да ги објави новите смартфони месец до месец и половина порано. Ако гласините се покажат како вистинити, најновите премиум телефони на Samsung би можеле да ги видиме во најава веќе во последната недела од декември оваа година.
Ова е секако необичен потег на компанијата, но се сугерира дека ќе биде преземен за да се поправат грешките со објавата на Galaxy S20 и Note 20. Премиум моделите на компанијата оваа година не се продадоа премногу добро и Samsung се надева дека ќе може да врати дел од својот удел на пазарот со претходнa објавa на Galaxy S21 линијата.
Сепак, раното објавување на Galaxy S21 моделите може целосно да ја девалвира Galaxy Note20 серијата, само четири месеци по објавувањето. Исто така, ваквата ненадејна најава може да покрене неколку прашања во врска со хардверот на Galaxy S21 серијата. Дали Samsung ќе има на располагање доволно Exynos 2100 и Qualcomm Snapdragon 875 чипови за да може да ги лансира телефоните во полн капацитет? Или, компанијата ќе одлучи да ги објави сите варијанти на Galaxy S21 со Exynos чипови?
Exynos 2100 (или Exynos 1000) сè уште се држи во тајност, а сето тоа благодарение на неконзистентните резултати на Geekbench. Се сугерира дека чипсетот ќе има ARM Cortex-X1 Super и Cortex-A78 јадра, што би требало да му овозможи многу добри резултати.
Поврзани артикли