Корисните супстанци кои ги содржи оваа житарица помагаат во чистење на крвните садови, разградување на масните наслаги и подобрување на целокупното здравје на организмот. Неодамнешни истражувања докажуваат дека е многу корисна и во превенција на рак…

Онкологот Мајк Хајмен тврди дека хељдата е најмоќната намирница која можете да ја вклучите во исхраната. Постојат многу придобивки од оваа житарица, а докторот ги издвојува 6-те најважни:

Го зајакнува имунитетот и ги уништува вирусите

Хељдата веќе со децении е многу популарна во традиционалната медицина, а нејзините лековити својства ги признала и современата медицина, па така таа се препорачува кај настинки и вируси. Хељдата ги напаѓа патогените и бактериите, ги уништува, а истовремено помага и во зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Ги прочистува и зајакнува крвните садови

Хељдата ги зајакнува ѕидовите на крвните садови толку добро што и фармацевтските корпорации ја користат во производството на лекови. Хељдата е особено корисна за луѓето кои страдаат од атеросклеротични нарушувања и дијабетес. Кашата од хељда помага кај варикозни вени, срцеви и васкуларни проблеми.

Лекува анемија

Хељдата е богата со железо, па се препорачува на луѓе кои страдаат од анемија. Редовната употреба на хељда ќе го надомести тој недостаток.

Помага при слабеење

Хељдата одамна се користи како главна намирница во разни програми за исхрана и диети. Таа е вкусна и нискокалорична. Богата е со микроелементи кои помагаат побрзо да се заситите. Спречува напади на глад, но ја намалува и желбата за слатки.

Се препорачува на трудници

Оваа житарица содржи голема количина на фолна киселина која е особено неопходна за здравјето на трудниците и фетусот. Фолната киселина ја подобрува хематопоезата и го прави телото поотпорно на негативните ефекти од опкружувањето.

Го намалува ризикот од рак

Можеби најзначајната придобивка која ја има хељдата за организмот е моќта да го намали ризикот од појава на рак и да го блокира развојот на веќе постоечките клетки на рак. Составот на хељдата му помага на телото да стане посилно и поотпорно на сите видови карцином, што е докажано со едно неодамнешно истражување. Д-р Хајмен препорачува барем еднаш неделно хељдата да се најде на вашата трпеза.

Извор: Kurir.rs