Гејминг конзолите ќе се појават на пазарот во вистинско време, пред почетокот на празничната сезона кога сите се расположени за купување, но се чини дека конзолите на Sony и Microsoft нема да доминираат, туку тоа ќе биде Nintendo Switch.
Така барем мислат аналитичарите кои будно ја следат ситуацијата на пазарот. Еден од челниците на NPD, Мет Пискатела тврди дека на видео игри и гејминг хардвер би можеле да бидат потрошени над 13 милијарди долари за време на празниците, односно во текот на ноември и декември и тоа само во САД.
Во извештајот е наведено дека next-gen конзолите ќе бидат распродадени уште првиот ден кога ќе се појават на пазарот, а периодот кој ќе следува ќе биде проследен со недостиг на гејминг конзоли. Недостигот на конзоли ќе биде тренд кој ќе продолжи и идната година додека Sony и Microsoft не го зголемат производството.
Во еден таков случај, Nintendo Switch ќе привлече големо внимание како попристапна алтернатива на конзолите кои нема да бидат лесно достапни. Поради тоа, се проценува дека Nintendo Switch ќе оствари голем продажен успех до крајот на годината.
Поврзани артикли