Гејмерите полудеа по нова, интересна и прекрасна игра, која привлече голем број играчи за краток временски период.

Новата игра Palworld продолжува да привлекува сè поголем број играчи. Игра за преживување во отворен свет, во која има преслатки „Pals“ што може да се соберат.

Изненадувачки, ова е игра која стана хит и на PC и на Xbox платформите, а беше развиена од студиото Pocket Pair.

Инвеститорот се пофали на социјалните мрежи дека играта е продадена во три милиони примероци во рок од 40 часа од нејзиното објавување. Дополнително, Palworld удри еден милион играчи на Steam во исто време.

Моментално е најиграната игра на платформата Steam, претекнувајќи ја Counter-Strike 2, додека SteamDB.info покажува дека Palworld е петтата најиграна титула на сите времиња во однос на истовремени играчи.

Palworld моментално е во фаза на ран пристап и се очекува да добие бројни нови функции, карактеристики и подобрувања во наредниот период.