Razer во април го освежи својот Blade Stealth 13 лаптоп со 120Hz освежување на екранот и до 25W Intel Ice Lake процесор од 10. генерација. Сега компанијата повторно го ажурираше лаптопот, овој пат со 28W Tiger Lake Core i7 процесор од 11. генерација и OLED екран.
Blade Stealth 13 сега пристигнува со Core i7-1165G7 процесор, што овозможува брзини на такт до 2,8GHz во turbo boost од 4.7GHz. Кога е во прашање дисплејот, достапна е опција со Full HD 60Hz OLED панел, со 100% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои. За гејмерите и натаму е достапен Full HD 120Hz мат дисплеј.
Покрај измените на внатрешниот хардвер, 13,3-инчниот лаптоп пристигнува и со два
Thunderbolt 4 порта, кои нудат брзини на пренос на податоци до 40Gb/s, со поддршка за два 4K дисплеја и друго. Присутни се и Type-A портови.
Останатите спецификации на Blade Stealth 13 лаптопот вклучуваат 16GB двоканален RAM, Nvidia GeForce GTX 1650 Ti Max-Q GPU (сега со 4GB GDDR6 VRAM) и 512GB простор за складирање. Тука се и поддршката за Wi-Fi 6 и Bluetooth 5.1. Тастатурата го поддржува Razer Chroma осветлувањето, а присутни се и четири звучници за THX Spatial Audio.
Новиот Razer Blade Stealth 13 лаптоп ќе биде достапен од овој месец, по почетна цена од 1800 долари за верзијата со 120Hz Full HD екран. Моделот со OLED дисплеј има цена од 2000 долари.
Поврзани артикли