Овој вулкан во 2011. година доживеал необична и моќна ерупција.
Научниците од Исланд, предупредуваат дека нивото на закана од вулканот Гримсвотне големо, велејќи дека сега постојат повеќе индиции дека вулканот наскоро би можел да еруптира.
Овој вулкан во 2011-та година доживеал необична и моќна ерупција, исфрлајќи во воздухот огромна количина пепел, но го засенила поголема ерупција на друг вулкан која што принудно откажала речиси 100.000 летови, а тоа досега било невиден прекин на воздушниот сообраќај.
Неодамна било забележано дека вулканот се „надувува“, додека пак новата магма повторно влегува во коморите под него, а резултирала со зголемена топлотна активност која што го топи мразот.
Локализираната земјотресна активност исто така се зголемила, а сето тоа сугерира дека наскоро би можело да дојде до ерупција.
Сеизмолозите сега најавуваат можен инцидент со интензитетни земјотреси, кој што би можел да трае и до 10 часа, сигнализирајќи магма на површината и неизбежна ерупција.
Извор: Espreso.rs