Научници ја објавија досега најдеталната фотографија, односно во најголема резолуција, на поединечен атом и со тоа го урнаа рекордот од 2018 година.

Дејвид Мулер од Универзитетот Корнел во Њујорк и неговите колеги направија неверојатна фотографија користејќи компјутерска метода на микроскопско снимање со X-зраци на кристал. А потоа на основа на аглите на електроните визуализирале облици на атоми.

Како што може да се види, оваа фотографија се разликува од класичниот приказ на атом што сме го гледале во учебниците.

Сликата на јадрото околу кое орбитираат електроните е само илустрација на тоа што се случува. Научниците сега успеаја да ги снимат атомите како „топчиња“. За попрецизна фотографија од малиот атом, потребни се посебни микроскопи и посебни техники на снимање.

Претходно, најдеталната фотографија од атом исто така беше објавена од истите научници од Универзитетот Корнел и беше Гинисов рекорд на микроскопска фотографија со највисока резолуција.

Научниците се уверени дека можат да постиган уште поголем резултат, односно наскоро би можеле да постигнат нов рекорд со користење материјал од потешки атоми кои послабо треперат.

Резултатите од истражувањето Electron Ptychography Achieves Atomic-Resolution Limits Set by Lattice Vibrations се објавени во Science.

Извор: B92.net