На 50-годишнината од летот Apollo 13, кој беше лансиран на 11. април, 1970. година, објавен е сајт, на кој во реално време се стримува текот на оваа мисија. На тој начин, можете да почувствувате и да дознаете што точно се случувало во текот на мисијата и како драмата, сепак, била успешно завршена. Стриминг материјалот се состои од оригинални аудио и видео снимки, кои можете да ги прегледате во реално време, практично од моментот кога почнало полетување.

Во овој проект се вклучлени сите оригинални филмови од контролата на мисијата, видео записи снимени во Apollo 13 модулот, 7.200 часови аудио материјал од контролата на мисијата и дополнителни 144 аудио снимки, кои од модулот биле испратени до контролата, аудио материјали од прес конференциите кои се појавуваат во моментите кога биле одржувани, како и повеќе од 600 фотографии. Сите аудио записи се транскрибирани и можат да се пребаруваат, а додадени се и коментари кои објаснуваат некои технички аспекти.

Ова е единствен увид во тоа тако течела некоја мисија и го става корисникот во центарот на случувањата. Чувството кое го добива слушателот може да се спореди само со култната радио драма „Војна на световите“ од 1938. година.