Иако Саемот на потрошувачка електроника, CES почнува дури за неколку седмици, помалку или повеќе е познато кои нови производи ќе ги претстави Samsung. На прво место е унапредената верзија на Note 9 Pen лаптопот.

Новиот миленик на јужнокорејскиот гигант ќе биде со големина од 15 инчи, за разлика од неговиот претходник кој има 13 инчи. Претходно, единствено регуларниот Notebook 9 лаптоп имаше своја поголема верзија.

Една од главните промени на 15-инчниот Notebook 9 Pen лаптоп е S Pen пенкалцето. Баш како и кај паметниот телефон Galaxy Note 9, S Pen кај новиот лаптоп нуди подобрена латенција. Од Samsung велат дека е до два пати побрза.

Samsung сега нуди и повеќе интересни совети за користење на S Pen пенкалцето, кои им овозможуваат на корисниците подобро да се прилагодат на различните стилови на цртање.

Новиот Notebook 9 Pen лаптоп нема многу да се разликува од својот претходник по внатрешните спецификации. Наводно  ќе ја има најновата генерација Intel процесор, гигабит WiFi, два Thunderbolt 3 конектори и еден регуларен USB-C влез, заедно со влез за слушалки, микрофон и microSD картичка.