Иако е убедливо на првото место, Chrome мора да се погрижи да биде пред своите ривали во сите аспекти, вклучително и во прашањето за безбедноста на корисниците. Така е и со верзијата Chrome 86, што стигна до корисниците на 6. октомври, со значителни безбедносни подобрувања.
Chrome 86 носи поголема безбедност на десктоп и мобилните платформи, пред се преку подобрувањата во лозинките, заштита од сомнителни фајлови и преку биометриски мерки во случај корисниците да ги чуваат своите лозинки во веб-прелистувачот. Постои поддршка и за „well-known/change-password“ фајлот, што служи за полесно заменување на компромитираните лозинки. Имено, кога Chrome ги проверува зачуваните лозинки користени за најавување, тој автоматски ги открива оние што се дел од протекувањето на податоци и ги информира корисниците дека треба да ги заменат.
Со верзијата Google Chrome 83 пристигна функцијата Safety Check, а со варијантата 86, оваа безбедносна мерка доаѓа и на мобилната верзија на прелистувачот. Десктоп корисниците во мај го добија Enhanced Safe Browser, а функцијата сега пристигнува и на Android, донесувајќи им на корисниците заштита во реално време додека пребаруваат на Интернет и преземаат фајлови. Покрај тоа, Google веќе некое време блокира содржини што доаѓаат од несигурни HTTP конекции, и тоа сега важи за мешаните конекции – кога страницата ќе се отвори како HTTPS сајт, за потоа да премине во сега непожелниот HTTP.
Поврзани артикли