Резултатите ќе послужат за елиминирање на можните проблеми и недостатоци.
Во последните денови, американските астронаути тестираат нови одела што NASA планира да ги користи во текот на мисијата „Артемис“
Опремата и понатаму е во развој, а пробите се изведуваат во специјален базен во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.
Тој е дизајниран да ја стимулира слабата гравитација на Земјиниот сателит, пренесува Futurism.
Неговото дно е уредено така што ја реплицира Месечевата површина, а астронаутите во контролирани услови изведуваат многу работи кои што ги планираат.
Резултатите од тестирањето ќе им послужат на експертите од вселенскта агеција да ги елиминираат сите можни проблеми и недостатоци, пред да почне одбројувањето за „Артемис“.
„Ќе добиеме важни информации за опремата и процедурите кои што се планирани во текот на лунарната мисија“, било соопштено.
Извор: Objektiv.rs