Спреј за нос што треба да се прска еднаш неделно, може да обезбеди солидна заштита од коронавирусот, пренесува „Дејли мејл“.
Спрејот досега бил тестиран на творови, кои еден ден пред да бидат изложени на коронавирус – примиле по две дози од лекот – вештачки создадени молекули кои го стимулираат имунитетот.
Резултатите покажале дека спрејот ја намалил реакцијата на вирсуот во носот на творовите за дури 96 отсто, со што е намален ризикот од инфекција и ширење на болеста.
Препаратот INNA-051 ќе почне да се тестира на луѓе во наредните четири месеци. Производот првично бил развиен за заштита од вируси, настинки и грип, но сè уште чека одобрување, бидејќи засега не е докажано дека делува без проблем.
Меѓутоа, претходните истражувања покажале дека го забрзува антивирусниот одговор во клетките во грлото на здравите волонтери и оние кои страдаат од астма, како и дека кај глувците обезбедува продолжена заштита од риновируси кои предизвикуваат течење на носот кај луѓето.
Ако се одобри овој спреј, може да пружи дополнителна заштита за оние кои се во зголемен ризик од зараза од Ковид-19, вклучувајќи ги постарите лица и оние кои имаат хронични заболувања.
Студијата која ги опишува деталите за тестирањето на препаратот INNA-051 е објавена на порталот „BioRxiv“.
Извор: B92.net