Во текот на својот најнов виртуелен настан, Realme во Индија го претстави SLED телевизорот што стигнува со 55-инчен екран. Во прашање е прв телевизор од овој вид, бидејќи SLED панелот ја користи Spectral Power Distribution (SPD) технологијата за позадинско осветлување. Ова би требало да резултира со поширок спектар на бои и заштита од сино светло.
Realme 55 инчен 4K HDR SLED TV има рамки од 9,5 милиметри, што резултира 94,6% screen-to-body однос. SLED панелот користи 4K резолуција (3840 x 2160 пиксели), а нудат поле на преглед од 178 степени.
Телевизорот поддржува 108% NTSC спектар и 1,07 милијарди бои, што значи дека е способен за прецизна репродукција на повеќе бои. Го покренува четиријадре MediaTek процесор со Chrome Boost мотор и поддршка за HDR10+ репродукција. За софтвереот е задолжен Android 9.0 TV.
Realme 55 4K HDR SLED TV ќе се најде во продажба од 16. октомври, по цена од околу 586 долари.