One UI 3.0 бета моментно е достапна во Јужна Кореја за Samsung Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra телефоните, преку SamsungMembers апликацијата. Засега можат да и се придружат корисниците на најголемите оператори во оваа земја (SKT, KT и LGU+).
Android 11 со One UI 3.0 бета донесува долга листа измени во корисничкиот интерфејс. Меѓу нив се подобрувањата за сите делови на софтверот, од Always On Display, DeX до интернет и пристапните функции.
Тука се и некои проблеми, со оглед на тоа дека се работи за бета верзија на софтверот, па некои апликации нема да работат. Меѓу нив се некои банкарски апликации, Multi Parallel/ Blood Fight, GOM Audio, Tello, Memo G Photo Memo, Secret Note, Organizing To Doи други.
Се очекува дека бета тест програмата во текот на следните недели ќе биде проширена и надвор од Јужна Кореја, во САД и веројатно Европа и Индија.