Microsoft го ребрендираше својот веб-пребарувач во рамките на напорите тоа да го направи во целиот екосистем на своите услуги, па сега Bing пребарувачот се вика Microsoft Bing. Иако поголем дел од луѓето веројатно и натаму ќе го нарекуваат само Bing, компанијата ја објасни промената на својот блог, каде што не се оди во детали околу конкретната одлука, но се наведува дека овој потег „ќе продолжи да го отсликува континуитетот во интеграцијата на искуството на пребарување во целото Microsoft семејство“.
Ребрендирањето сега го користи новото Bing логото, како и Microsoft Bing логото на главната страна на пребарувачот. Не е јасно дали Microsoft во иднина во целост ќе го замени Bing логото со Microsoft лого, или и понатаму ќе ги користи заедно. Покрај таа промена, Microsoft постепено го унапредува својот пребарувач со различни додатоци низ целиот Windows и Office, како и другите услуги, а во последно време користејќи го Bing можете да го филтрирате пребарувањето така да пребарувате само документи или други категории.
За тоа време, Microsoft полека на сите свои услуги им додава префикс со своето име, така што во последно време Windows Store стана Microsoft Store, а Office 365 е реименуван во Microsoft 365.
Поврзани артикли