Изгледа дека Samsung нема премиерно да имплементира камера под екранот во Galaxy S21 (или S30) серијата, поради ниските производни залихи на оваа технологија. Информациите пристигнуваат од јужнокорејскиот сајт TheElec.
Samsung, според наводите, имал план камера под дисплејот да имплементира и во Galaxy Z Fold2, пред таа да биде уфрлена и во Galaxy S серијата за следната година, што сега исто така е отфрлено. Samsung работи на подобро решение за камера под екранот, што нема да влијае на квалитетот на сликата како што тоа го прави актуелната технологија.
Извештаите сугерираат дека Samsung ќе биде подготвен камерата под дисплејот да ја претстави во втората половина на 2021. година и дека ќе дебитира на Galaxy Z Fold3 моделот.
Следната година е период за кога Xiaomi и другите производители (како што е Oppo) најавија масовно производство на смартфони со селфи камера сместена под екранот.
Поврзани артикли