Овој процес ги намалува трошоците поврзани со употребата на битумен, а помага и во намалувањето на количината на пластичен отпад
Индија ја завршила изградбата на 100.000 километри патишта со употреба на пластичен отпад. Оваа јужноазиска земја ја достигнала оваа бројка за помалку од четири години откако министерот за патен транспорт и автопатишта во 2016 година објавил дека при изградба на патишта ќе се користи пластичен отпад. Ваквиот пат содржи околу 6-8% пластика и 92-94% битумен.
Според публикацијата за овој тип на патишта, за еден километар пат се потребни околу 1 тон битумен и еден тон пластичен отпад. Овој процес ги намалува трошоците поврзани со употребата на битумен, а помага и да се намали количината на пластичен отпад. Чекор понатаму направила Регионалната корпорацијаGurugram (MCG), која употребата на пластичен отпад ја направила задолжителна за изградба на магистрални патишта.
Од оваа година, и индиската провинција Асам започнала да го користи истиот материјал за изградба на патишта. Пластиката се користела и при изградбата на автопатот Jammu Kashmir во должина од 270 километри и на дел од автопатот Delhi-Meerut во должина од 2 километри. Оваа фискална година, Владата на оваа земја планира да изгради илјадници километри патишта од пластичен отпад, а со оглед дека Индија генерира околу 25.940 тони пластичен отпад секој ден, од кои 60% се рециклираат, без материјал сигурно нема да остане.
Вакви патишта со пластика веќе се во функција во Велика Британија, Естонија…
Извор: Додај Гас