Големата сина дупка на истражувачите им помогнала да го разберат исчезнувањето на цивилизацијата Маи, а новото откритие укажува на необјасливи наоди.

Големата сина дупка е океанска мистерија која што изгледа како „премин во другиот свет“. Таа е оддалечена на околу 100 километри од Белизе, најголемиот град на малата држава на крајбрежјето на Карипското море. Белизе граничи со Мексико на север и Гватемала на запад и југ. Таа е единствената земја во Средна Америка каде што службен јазик е англискиот. Покрај англискиот се зборуваат и креолски и шпански.

Големата сина дупка се мери во висина од 300 метри, а длабока е околу 125 метри. Таа се обликувала во текот на глацијалниот период кога нивото на морето било многу пониско. Многубројни истражувања ги навеле научниците да почнат да ја истражуваатповрзаноста помеѓу дупката и Маите, еден од најцивилизираните индијански народи на домородната Америка.

Проучувајќи ги наслагите на дупките и елементите, научниците дошле до заклучок дека големите суши целосно ги уништиле Маите. Славниот француски истражувач, Џејкес Костеа во 1971. година ја забележал нејзината длабочина и ја прогласил за една од петте најдлабоки места за нуркање во целиот свет. Пред две години, група истажувачи меѓу кои и Фабиен, внук на Џејкес, тргнале во експедиција за да видат што се крие на нејзиното дно.

Тие ја скенирале целата дупка за да може да се направи 3D карта на нејзината внатрешност, а резултатите биле фасцинантни поради тоа што првпат можеле да се видат минералните формации и останатите детали кои што таа ги содржи.

Некои од нив сè уште не се идентификувани и треба да се истражат, а тоа што ги изненадило научниците е слојот водород сулфид, црнилото во кое што нема кислород ниту пак било каков живот. Ерика Бергман исто така изразила изненадување од чистотијата на дупката во која што нашле само неколку парчиња пластика.

Извор: Dnevnik.hr