OnePlus 8T ќе биде претставен на 14. октомври, а пред официјалната објава компанијата ги најавува поединечните карактеристики на уредот. Веќе се потврдени 120Hz освежувањето на екранот, OxygenOS 11 и поддршка за 65W полнење, а сега е објавено дека OnePlus 8T 5G ќе има „ултра широкоаголна“ селфи камера.
Најновата објава пристигнува преку Twiiter прифилот на компанијата OnePlus во вид на тизер. Во описот на тизерот стои „Ultra Wide Angle Camera“, а тука е и анимираното видео кое го покажува позиционирањето на селфи камерата.
Според претходните наводите на дојавувачите, OnePlus 8T 5G ќе пристигне во Европа во две варијанти: 8GB RAM + 128GB складирање и 12GB RAM + 256GB складирање, по цени од 799 и 899 евра. Смартфонот ќе го карактеризира 6.5-инчен екран со 120Hz освежување, Snapdragon 865 чипсет, 48MP главна камера и 4800mAh батерија со поддршка за 65W брзо полнење.