Сите 17 проблематични апликации пристигнале во Play Store во септември, и благодарение на тоа, за среќа, не успеале да привлечат голем број на корисници. Пред да се забележи малициозниот софтвер, сè било преземено околу 120 илјади пати, пишува ZD Net.
Google отстрани уште 17 апликации од својата продавница Google Play, за да заштити многуте корисници од Џокер малвер со кој биле заразени. Овој вирус е дизајниран да краде SMS пораки, списоци со контакти и податоци за уредите и да се претплати на премиум услуги без нивно знаење.
Објавен е и списокот со овие апликации, така што оние што ги инсталирале можат да ги отстранат од своите уреди:
- All Good PDF Scanner
- Mint Leaf Message – Your Private Message
- Unique Keyboard – Fancy Fonts & Free Emoticons
- Tangram App Lock
- Direct Messenger
- Private SMS
- One Sentence Translator – Multifunctional Translator
- Style Photo Collage
- Meticulous Scanner
- Desire Translate
- Talent Photo Editor – Blur focus
- Care Message
- Part Message
- Paper Doc Scanner
- Blue Scanner
- Hummingbird PDF Converter – Photo to PDF
- All Good PDF Scanner.
Проблемот е во тоа што малициозни активности не се вршат при првото лансирање на апликацијата, така што безбедносните протоколи на Google не регистрираат сомнително однесување.