Резултатот е помала потрошувачка на гориво и поголема моќност!
Škoda лансираше нова линија за обработка на плазма премази. Овој технички иновативен концепт овозможува замена на конвенционалните облоги на цилиндрите со премаз во прав кој мери само 150 μm (0,15 mm). Премазот ќе се користи за производство на новите EVO трицилиндерски мотори од серијата EA211 и ќе го намали внатрешното триење. Како резултат, бензинските мотори 1.0 TSI EVO ќе бидат уште поефикасни и ќе испуштаат помалку CO2. За оваа намена, производителот инвестирал околу 29 милиони евра во подготовка и пренамена на својата фабрика во Чешка.
Кристијан Блејел, раководител на производство на компоненти во Шкода, истакна:
„Технички високо иновативниот плазма премаз ги прави нашите EA211 TSI EVO мотори уште поефикасни. Ги намалува загубите поради триење, а со тоа и потрошувачката на гориво. Покрај тоа, овој вид на облога овозможува и порамномерна дистрибуција на топлина во цилиндрите со што се оптимизира топлинскиот товар. Овие мотори сега ги произведуваме во три смени во нашата фабрика во Млада Болеслав и ги инсталираме во моделите Fabia, Scala, Octavia, Kamiq и Karoq“, вели Кристијан Блејел, раководител на производството на компоненти во Škoda.
Škoda вложила вкупно 28,8 милиони евра во ажурирање на фабриката, а севкупно производителот од Чешка потрошил вкупно 69,1 милиони евра на модернизација на производството на мотори.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли