Инжeнери од Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија создадоа микро роботи кои напојувани со ултразвук можат да пливаат низ човечката крв и да ги отстрануваат штетните бактерии и токсините кои тие ги произведуваат.

Овие нанороботи овозможуваат сигурен и ефикасен начин да се детоксифицират и деконтаминират биолошките течности во телото.

Роботите се направени од позлатени наножици закачени на хибридни тромбоцити и мембрана на електроцити.

Мембраната од електроцитите заедно со хибридните тромбоцити дозволуваат нанороботите да детоксифицираат две клетки наеднаш додека позлатените наноножици му ја даваат способноста да пливаат во крвотокот без да се користи хемииско гориво.

Нанороботите се 25 пати помали од широчината на едно човечко влакно и се движат со брзина од 35 микрометри на секунда.