Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) го одобри управувањето на Amazon со флотата на беспилотни летала за испорака на пакети Prime Air, објави ITIF.

Амазон започна со тестирање на своите беспилотни летала уште во 2013 година и аплицираше за одобрување на ФАА во август минатата година, наведувајќи дека беспилотните летала ќе испорачуваат пакети со тежина до пет килограми во области со мала густина на население.

На тој начин Amazon сака да го скрати времето на испорака во помалку населените места на 30 минути или помалку, објави „Себиз“.

За да може со дрон во САД „да се носи нечиј имот за комерцијални цели“, компаниите мора да добијат сертификат Дел 135, кој ФАА првично го создаде за чартер авиокомпании, а подоцна го адаптираше за беспилотни летала.

Amazon е трета компанија што го доби овој сертификат за испорака со беспилотни летала, откако Винг авијација, подружница на Алфабета и УПС, ги доби тие сертификати минатата година, но не ги применуваше значително за испорака со беспилотни летала.