HP претстави неколку нови лаптопи од своите Spectre и Envy линии. Spectre x360 13 доби надградба на спецификациите со 11. генерација Tiger Lake процесори и Iris Xe графика. Тука се и функциите како 4K OLED екран, со алуминиумски дизајн во два тона и друго.
Тука е и новиот член на Spectre x360 линијата – Spectre x360 14. Интересно е дека лаптопот нема 14-инчен дисплеј, туку екран со големина од 13,5 инчи. Ова е и прв Spectre со 3:2 екран. Дисплејот има резолуција од 3000 x 2000 пиксели и исто така пристигнува во OLED опција. HP додаде и подобрувања за Display Control апликацијата, што ги менува профилите на бои на дисплејот во зависност од она што го работи корисникот.
Претставен е уште еден Spectre x360 модел, а тоа е Spectre x360 13 5G. Овој модел пристигнува со 10. генерација Intel процесори, но и Qualcomm Snapdragon X55 5G модем со поддршка за sub-6GHz 5G.
Spectre x360 14 и Spectre x360 13 се очекуваат од овој месец, по почетна цена од 1199 долари, додека Spectre x360 13 5G се очекува на почетокот на 2021. година.
На крајот, тука се и Envy x360 13 и Envy 13 лаптопите. Двата модела ја добиваат 11. генерација Intel процесори, со Iris Xe графика. Моделот x360 има MPP 2.0 Tilt Pen поддршка и до 12,75 часа работен век на батеријата. Envy 13 го карактеризира 88% screen-to-body однос и дисплеј до 4K резолуција.
Envy x360 13 пристигнува во ноември, по почетна цена од 950 долари, додека Envy 13 пристигнува во текот на овој месец по цена од 900 долари.