Здравствените експерти повикале во земјата веднаш да се воведе карантин.
Во минатите 24 часа Иран забележал 3.825 новозаразени, односно по еден нов случај секои 23 секунди, покажуваат податоците на тамошното министерство за здравство.
Во истиот период Иран забележал 211 смртни случаи поврзани со коронавирусот, што значи дека умира по едно лице на секои седум минути.
Поради острото зголемување, вкупниот број на починати се зголемил на 26.380, а повеќе од 460.000 се заразени, пренесува “Index.hr”.
Здравствените експерти повикале во земјата веднаш да се воведе карантин за да се ограничи ширењето на заразата, на што претседателот Хасан Рохани се противи економската криза во земјата.