Ако вашиот мобилен телефон брзо се празни, причината можеби не е во самиот уред, туку во софтверот – апликациите што ја празнат батеријата побрзо отколку што сакате.
Кога последен пат проверивте кои апликации трошат најмногу батерија? Ако не сте го сториле тоа, најдоброто место да започнете со вашата мала „истрага“ е сетингот на телефонот. Апликациите обично сакаат да ја трошат батеријата – некои до тој степен што ќе започнат да го нарушуваат нормалното функционирање на уредот.
Популарните апликации, како што се Messenger, Instagram или TikTok, трошат батерии поради нивната содржина и поради рекламите – пред се затоа што за да се вчита секоја реклама мора да се потроши малку електрична енергија. Ако рекламата е лошо дизајнирана, може да потроши многу повеќе отколку што навистина е потребно.
Ако ги барате најголемите виновници за празнење на батеријата, ова се следните апликации: Snapchat, Facebook, Instagram, YouTube, Netflix, WhatsApp, TikTok и Google Maps.
Погледнете ги подесувањата
Ако вашата батерија не трае цел ден, еве што можете да направите (само на Android 9 и понова верзија).
За почеток, намалете го времето после кое се исклучува екранот.
Одете во Settings и изберете Display > Advanced > Screen timeout. Изберете пократко време (да речеме, половина минута).
Можете, исто така да ја намалите осветленоста на екранот. Повлечете од врвот и поместете го лизгачот. Можете, исто така да вклучите автоматска промена колку по потреба со избирање Display > Adaptive brightness.
На крајот на краиштата, можете да ги исклучите звукот и вибрациите на тастатурата. Изберете Sound > Advanced и пронајдете ја потребната опција.
Скротете ги „гладните“ апликации
Ако не сте сигурни која апликација и штети најмногу на вашата батерија, отворете ги поставките и пронајдете ги опциите за батеријата.
Потоа изберете Battery > More > Battery usage. Под делот што ја покажува потрошувачката на батеријата од последното полнење, ќе видите список со апликации со процент кој колку троши. Откако ќе дознаете која апликација троши најмногу, можете помалку да ја користите.
Можете, исто така да ги ограничите апликациите додека работат во позадина. Одете во поставките и изберете Battery, а потоа Restric или Background Restriciton.
На крај, обидете се да ја оптимизирате батеријата.
Влезете во подесувања, а потоа Apps & notifications > Advanced > Special app access > Battery optimization.
Извор: B92.net
Поврзани артикли