Македонската компанија за друштвени игри Final Frontier Games собра над 260.000 долари на платформата за групно финансирање Kickstarter за нивната најнова игра Monsters on Board.
“Ова е нашата седма Kickstarter кампања и затоа сакаме да ве осигураме дека се грижиме сѐ да биде со највисоко ниво на професионализам. Ние ќе сториме сè што е во наша моќ да ви испорачаме производ достоен за угледот на нашата компанија и стандардите за квалитет. Доколку се појави проблем, ветуваме дека ќе ве известиме и ќе бидеме транспарентни за тоа како ќе го решиме“, велат од компанијата.
Поради огромниот интерес, моменталната сума ја има надминато нивната првична цел од 30.000 долари за речиси девет пати. Играта ќе може да ја играат од еден до четири луѓе, а просечно таа би траела од 30 до 60 минути.
Final Frontier Games е компанија за друштвени игри создадена во Скопје во 2014 година. Нивната цел е да поттикнат дружба на пријатели и семејства преку друштвени игри. Ова е седмата друштвена игра којашто ќе биде објавена од Final Frontier Games покрај нивните претходни игри Cavern Tavern (2016), Rise to Nobility (2017), Robin Hood and the Merry Men (2018), Rise to Nobility: Beyond (2018), Coloma (2019) и A Fistful of Meeples (2019).
Поврзани артикли