Компанијата Xiaomi денеска одржа настан во рамките на кој ја претстави Mi 10T серијата паметни телефони, што ја сочинуваат моделите Mi 10T Pro, Mi 10T и Mi 10T Lite. Слоганот на новата серија гласи Power Your Creativity.
Mi 10T Pro и Mi 10T
Xiaomi Mi 10T Pro и Mi 10T ја продолжуваат традицијата на компанијата да објавува смартфони со висока резолуција на камерите, па така главниот сензот има 108MP (Mi 10T Pro) и 64MP (Mi 10T) со поддршка за OIS и 8K снимање на видео. Двата придружни сензора се 13MP ултраширок и 5MP макро. Од предната страна е сместена 20MP селфи камера. Камерите се опремени со шест самостојни начини на работа со долготрајна експозиција, како и со три нови филтри – Cyberpunk, Gold vibration и Black ice.
Mi 10T Pro и Mi 10T нудат и нови видео опции. Video Clones ја донесува можноста за двојно снимање на корисникот во едно видео, додека Dual Video може истовремено да снима со предната и задната камера на уредот. Тука е и Time-lapse селфи видеото, што им овозможува на корисниците создавање на ефект за брзо премотување нанапред за интересни влогови.
Mi 10T Pro и Mi 10T се опремени со рамен, 6.67-инчен FHD+ LCD AdaptiveSync TrueColor екран, со освежување од 144Hz. Дисплеите користат Motion Estimation и Motion Compensation (MEMC) технологии за уфрлање на повеќе кадри (фрејмови) за видео записот да биде попријатен за гледање. Sunlight display 3.0 автоматски го засилува контрастот и го засилува динамичкото заситување на боите на отворено.
Новите премиум Mi 10T телефони се опремени со Qualcomm Snapdragon 865 чипсет, што нуди поддршка за 5G. Xiaomi најавува ново гејминг искуство како на десктоп компјутерите, со Qualcomm Adreno 650 GPU. Батеријата со капацитет 5000mAh ги напојува двата уреда, а ја карактеризираат Middle Tab технологија и 33W брзо полнење.
Mi 10T Lite
Xiaomi Mi 10T Lite е нешто послаб модел во рамките на новата линија и наменет е за горниот среден сегмент на корисници, на кои им е потребна поддршка за 5G мрежи. Mi 10 Lite е опремен со систем со четири камери: 64MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро и сензор за длабочина од 2MP. Од предната страна се наоѓа 16MP селфи камера.
Телефонот има 120Hz AdaptiveSync екран, што автоматски се прилагодува на најсоодвтената брзина на освежување, зависно од видот на содржината што се гледа. За оние кои доста читаат на смартфонот, тука е и Reading mode 3.0.
Поврзани артикли