Многу експерти веруваат дека коронавирусот веројатно убива 0,5 до 1 проценти од заразените лица, што го прави глобално многу опасен, додека не се појави ефикасна вакцина.
Глобално бројот на починати од Ковид-19 надмина милион, но експертите и натаму се трудат да го сфатат клучниот мерен податок за стапката на смртност, односно процентот на лица заразени од патогенот кои умираат како последица од болеста.
Еве преглед на прашањата кои би можеле да придонесат за подобро разбирање на стапката на смртност од коронавирусот.
Како се пресметува стапката на смртност?
За да се пресмета реалната стапка на смртноста потребно е да се спореди бројот на починати со вкупниот број на заразени, а тоа е број што останува непознат бидејќи е тешко да се измери опсегот на асимптоматични случаи. Многу луѓе кои се заразени со коронавирусот едноставно немаат симптоми.
Научниците тврдат дека вкупниот број на инфекции експоненцијално е повисок од моменталниот број на потврдени случаи на заразата, а тој сега во светот изнесува 33 милиони. Многу експерти веруваат дека коронавирусот веројатно убива 0,5 до 1 проценти од заразените лица, што го прави глобално многу опасен додека не се пронајде вакцина.
„Стапката на смртност кај лицата помлади од 20 години веројатно изнесува 1:10.000. Кај постарите од 85 години смртно страда секој шести пациент”, рекол доктор Кристофер Мареј, директор на Институтот за метрика и евалуација на здравјето на универзитетот Вашингтон во Сиетл.
Што е стапка на смртност?
Очигледен е падот на стапката на смртност кога се мери во однос на бројот на нови потврдени случаи на коронавирус. Според статистиката на Ројтерс, на подрачјата како САД стапката на смртност значително паднала од април до август. Во април изнесувала 6,6 проценти, а во август нешто повеќе од 2 проценти.
Но, експертите сметаат дека воочениот пад во главно е резултат на поголем број на тестирања во споредба со тестирањата направени во првите денови од пандемијата, поради што се откриваат и повеќе заразени со благи симптоми на болеста или оние кои воопшто ги немаат.
На поголемиот број на преживеани без сомнение влијаел и квалитетниот начин на лечење на тешко заболените, како и подобрената заштита на ризичните групи.
“Денес многу повеќе знаеме за потенцијалните компликации и за начинот кој ни овозможува да ги препознаеме и брзо да ги лечиме. Ако сте се заразиле со ковид-19 во текот на 2020-та година, повеќе би сакале тоа да биде денеска отколку во март”, вели др. Амеш Адалја од универзитетскиот центар за безбедност на здравјето “Џон Хопкинс” во Балтимор.
Што значи тоа за поединците и владите?
Тоа значи дека постои голема потреба за постојано внимание, бидејќи некои држави ги зафаќа и втор бран на заразата.
Француските истражувачи, на пример, процениле дека стапката на смртност во таа држава до крајот на јули паднала за 46 проценти во споредба со крајот на мај, а тоа е последица од зголемениот број на тестирани, подобрена медицинска грижа и поголем број на заразени меѓу младата популација.
„Но, сега забележуваме повторен пораст во бројот на хоспитализирани и сместување на заболени на одделенијата за интензивна нега, што значи дека забележаното отстапување наскоро ќе заврши, а ние ќе мора да откриеме зошто е така”, рече Мирчеа Софонеа, истражувач од францускиот Универзитет во Монпеље.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли