Dell ажурираше неколку свои XPS лаптопи, кои ја добија 11. генерација процесори на Intel.
Освежените XPS 13 2-во-1, XPS 13 и XPS 13 Developer Edition се првите модели што ќе добијат Intel Evo сертификација. Тоа значи дека ќе поддржуваат брзо полнење, можат да издржат барем девет часа со едно полнење на батеријата и се будат од sleep mode за помалку од секунда.
Сите три системи имаат Thunderbolt 4 портови, меморија надградена од 3733MHz LPDDR4x на 4267MHz и поддршка за до 32GB RAM. Апдејтуваните XPS 13 2-во-1 и XPS 13 имплементираат Intel Xe графички картички. Покрај тоа, 2-во-1 моделот има и IR камера, што го поддржува Windows Hello. Конвертибилниот модел ќе биде достапен по почетна цена од 1249 долари, додека XPS 13 има почетна цена од 999 долари.
XPS 13 Developer Edition е заснован на Linux платформата и има инсталирано Ubuntu 20.04LTS. Со овој модел, Dell цели на максимален работен век на батеријата од речиси 19 часа со едно полнење. Лаптопот има и унапреден InfinityEdge FHD+ дисплеј. Компанијата не ја објави цената на овој модел.
Надградените Dell XPS лаптопи ќе бидат достапни од 30. септември во САД и Канада, додека на пазарите во Европа и Азија пристигнуваат во текот на следните неколку недели.