Xiaomi го одржа својот Smarter Living 2021 настан, во текот на кој компанијата најави неколку носечки и паметни телефони. Во прашање се Mi Watch Revolve паметниот часовник, Mi Band 5 паметната алка и Mi Smart Speaker.

Mi Watch Revolve пристигнува со куќиште од нерѓосувачки челик, има 1,39-инчен AMOLED дисплеј со над 100 позадини и го користи MIUI for Watch софтверот. Тука се вообичаените режими на следење на фитнес елементи, GPS, Bluetooth 5.0 i NFC. Присутен е и мерач на кислород во крвта, мерач на отчукувањата на срцето и следење на спиењето.

Паметниот часовник има 5ATM отпорност на вода, работен век на батеријата од 14 дена (22 дена во endurance мод). Цената на Mi Watch Revolve часовникот изнесува околу 149 долари, а продажбата почнува од 6. септември.

Mi Band 5 паметната алка пристигнува со 1,1-инчен AMOLED екран, има 24-часовно следење на работата на срцето, 5ATM водоотпорен дизајн, вградено следење за 11 спортски модови и друго. Работниот век на батеријата изнесува две недели со едно полнење, а полнење на уредот се користи нов магнетен полнач што пристигнува во пакувањето.

Mi Band 5 ќе биде достапен во неколку бои, по цена од околу 34 долари, а продажбата почнува на 1. октомври.

Mi Smart Speaker е паметен звучник со вградена Google Assistant поддршка и Chromecast за полесно делење на содржина на поврзаните уреди. Звучникот е креиран од метал и има контролен панел опкружен со LED лента. Присутен е преден 12W 63,5mm вуфер, а поддржан е и DTS аудио кодек. Mi Smart Speaker од 1. октомври ќе се нуди по цена од околу 81 долар.